WAP сајт

Што претставува?

WAP.top.mk е Top.mk верзија, која што можеш да ја користиш на твојот мобилен телефон. Ако си надвор и пред тебе нема компјутер, тогаш можеш да го користиш сајтот од твојот мобилен телефон: во wap.top.mk можеш да читаш и одговараш на електронските писма, гледаш слики, профили,ТОП... На овој начин можеш да користиш Top.mk во автобусот, во училиштето, на забава, во планина... Ако твојот телефон е нов модел, влези на PDA.top.mk каде што има повеќе функции.

Како да користам wap.top.mk?

Напиши ја адресата wap.top.mk во WAP браузерот на телефонот и веќе си во wap.top.mk мобилната верзија. Можеш да го зададеш како почетна страница и тогаш wap.top.mk ќе се отвора секогаш кога ќе се стартира мобилниот интернет.

wap.top.mk не работи на мојот мобилен телефон, што да правам?

За да користиш wap.top.mk ти треба мобилен телефон кој што поддржува WAP. WAP за мобилните телефони е како Интернет за компјутерите, сите нови телефони го поддржуваат. Возможно е да имаш подесувања за WAP од твојот мобилен оператор на телефонот, или можеш и сам да ги направиш. Во зависност од операторот што го користиш:

Т-Мobile:За да го подесите вашиот телефон за интернет и MMS, јавете се на бесплатниот број 140 026, следете ги упатствата на говорниот автомат и прифатете ги нагодувањата што ќе ги добиете по SMS.

Cosmofon:

Vip:

После неколку минути на телефонот ќе ги добиете потребните инструкции. Зачувај ги и веќе можеш да користиш wap.top.mk.

Колку чини?

На Top.mk е бесплатно користењето на wap.top.mk ! Мобилните оператори имаат цени за користење на мобилен интернет /GPRS, така да цената зависи од мобилниот оператор и од тарифниот план. Обично се наплаќа големината на трафикот што си го направил т.е. колку повеќе страници и слики прегледуваш толку поголем трафик ќе направиш. Страниците на wap.top.mk се оптимизирани и како трафик се многу помали од Интернет страницата top.mk. Најдобро и најпаметно е да провериш какви се цените на мобилниот оператор, пред да започнеш да ја користиш WAP верзијата на сајтот.