Безопасност

За родители

Во главни црти интернет е добро место. Благодарение на интернетот луѓето можат да пронајдат пријатели со исти интереси како нивните, можат да бидат повеќе социјални. Од друга страна исто така како на улицата, така и на интернет можат да се случат лоши работи. Вашите деца не можат да станат дилери на дрога или крадци на автомобили на интернет, но сепак има некои опасности што треба да се имаат во предвид. На родителот е должност да ги заштити своите деца од секакви опасности.

Поминувајте повеќе време со вашите деца. Децата постојано се обидуваат да избегаат во виртуeлниот свет кога имаат проблеми со нивниот реален живот или ако никој не ги слуша нивните проблеми. Ако врската со вашите деца е основана на доверба тогаш може да влијаете на нив по правилниот начин. Не се обидувајте да ги контролирате децата цело време - ако има меѓусебна доверба тогаш децата ќе ве прашаат за совет или помош. Во денешни времиња децата знаат многу повеќе за интернет од вас и затоа не им држете лекции и забрани а слушнете, прашајте и научете. Само на тој начин ќе успеете да научите повеќе и да ги заштитите вашите деца.

Прашајте што е добро/лошо на Top.mk. Ако е потребно направете си акаунт на Top.mk, додадете го вашето дете во листата со пријатели. Погледнете го профилот на вашето дете - која информација е видлива само за корисниците во листата на пријатели, а која е за сите. Наредувањето, забраните и казните не се ефикасни.
Ако вашето дете е тормозено тоа обично не знае како да реагира на таков начин. За несреќа законот е многу слаб за такви работи - се превземаат акции само откако ќе се случи нешто и во повеќето случаи е доцна. Помолете го вашето дете да ве известува секогаш ако нешто го вознемирува или се сомнева во нешто.
И за последен пат - интернет е добра средина за комуникација за децата во денешно време и не можете да им го забраните ( забранувањето на интернет наскоро ќе стане како домашен затвор ). Научете се, понекогаш послушајте ги вашите деца и најдете време за нив!

За деца

Top.mk е прекрасно место да најдеш нови пријатели и да комуницираш со нив. Кога даваш информации запомни, дека како во реалниот свет, така и во интернет светот има опасност. За да ја избегнеш те советуваме да почитуваш некои правила.

Запомнете дека информацијата што ја публикувате е достапна и видлива за другите. Во основа е во ред но тоа значи дека не треба да додавате некои работи што не сакате другите да ги гледаат! Има најразлични луѓе по светот, добри и лоши. Некои од лошите исто така користат интернет така да ако не сакате да го разберат вашиот телефонски број, e-mail или MSN едноставно не ги прикажувајте јавно. Заштитете го вашиот профил - избирајте внимателно лозинка.

Не излегувај на состаноци со луѓе што си ги сретнал на интернет. Ако навистина сакаш да го направиш кажи им за тоа на твоите родители - кажи им каде ќе си и каде да те побараат. Ако мислиш дека тоа не е баш добра идеја тогаш кажи им на твоите другари/другарки. Нека некој има со тебе за првиот пат (препорачливо повозрасен од тебе). Сретнете се на место каде што има луѓе - трговски центар, познат ресторант или кафе. Запомни - луѓето не секогаш се со добра намера како што се претставуваат.