Правила

Секој регистриран на Top.mk, е согласен и должен да ги почитува правилата.

Правила на сајтот

 

Регистрацијата и услугите на Top.mk се БЕСПЛАТНИ (со исклучок на дополнителните) и можат да се користат слободно. Top.mk не носи одговорност за можни последици поврзани со користењето на сајтот.

Top.mk го задржува правото да ги променува правилата на сајтот при потреба. Доколку има промени истите ќе бидат покажани на оваа страница.

Корисниците што ги нарушуваат правилата на сајтот се самостојно одговорни за последиците, кои што можат да доведат до блокирање на акаунот. Top.mk не ги враќа виртуeлните пари при блокирање на акаунт.

Во случај корисникот да наруши правило на системот на сајтот, екипата на Top.mk може да го блокира неговиот акаунт без да дава објаснување за тоа.

Забрането е да се користи лична информација од друго лице и слики во профилот. Секој корисник може да има само еден профил. Профилите кои што се повторуваат ќе бидат блокирани без предупредување.

Забрането е да се праќаат верижни писма и секакви рекламни пораки преку поштенските кутии, јавни коментари, форуми или акаунт/профил.

Заплашувања, навреди и некултурни содржини се забранети во форумите, личните пораки, коментари за сликите или корисничко име на Top.mk.

Појавата на религиозна омраза, расистичка пропаганда или други не етнички дејности се забранети

Забрането е да се оценуваат слики и прегледуваат профили со користење на програми или скрипти.

Забрането е најавување со акаунт на друг корисник или нарушување на приватноста на корисниците на Top.mk со што им се одзема правото безгрижно да го користат сајтот.

Доколку некој корисник не ги почитува правилата, во зависност од големината на грешката ќе биде казнет. Модераторите можат да дадат предупредување ако непочитувањето е од невнимание или незнаење. Не е дозволено спротиставување на предупредувањата од модераторите. Ако нарушувањето е грубо акаунтот на корисникот ќе биде блокиран без право на враќање.

Правила за обработка на лични податоци

Согласноста со правилата значи дека корисникот го дава правото на сопствениците на Top.mk за користење на информацијата објавена од корисник на Top.mk, ова ги вклучува сликите и друга лична информација:

  • 1. За овозможување на услуги од сопствениците на Top.mk;
  • 2. За услуги и маркетинг од сопствениците на Top.mk, вклучувајќи понуди за многу покомфортни, иновативни и лични решенија од сопствениците на Top.mk и од партнерите на Top.mk.
  • 3. За цели на сопствениците на Top.mk ако користењето на лична информација на корисникот, вклучително и слики не е во конфликт со генералната етика или неконституционално со оглед на македонските закони.

Користејќи Top.mk услуга или апликација, која овозможува давање на инфомацијата на корисник на трета странка (вклучително надворешни компании од гледна точка на сопствениците на Top.mk), која е поврзана со купување на определена услуга, корисникот се согласува да им ја даде својата лична информација, вклучително и слики, кои се потребни за дадената услуга. Ако корисникот сака да ја врати пред тоа дадената согласност, тоа ќе биде сметано како барање за откажување од користење на дадената услуга. Сопствениците на Top.mk гарантираат дека нема да ги објават твоите слики и друга лична информација на Top.mk, во онлајн или офлајн публикација која ги нарушува законите на Македонија.

Согласувајќи се со овие правила, корисникот им дозволува на сопствениците на Top.mk да испраќаат свои или реклами на своите партнери на Top.mk поштата на корисниците на Top.mk и да праќа фирмена информација на маил адресите на Top.mk корисниците.

Сопствениците на Top.mk гарантираат дека, нема да ги даваат или препраќаат e-mail адресите на Top.mk корисниците или каква било друга информација или слики додадени на Top.mk за други цели, кои не се вклучени во точка (2.).

Правила за додавање на слики

Сликата која што сакаш да ја додадеш треба да е во .jpg формат, да нема бели полиња околу неа останати од скенирање и да е поставена правилно.

Корисникот и неговото лице треба да се гледаат чисто/видливо на сликата. Корисникот треба да е од напред кога на сликата има многу луѓе. Пред да додадеш слика провери дали одговара на дозволените размери и квалитет.

Ако на сликата има повеќе од еден човек тогаш треба да се насочи кој точно е корисникот на сликата во описот. Имињата на сликите може да се на македонски или на англиски.

Порнографски или еротски слики се забранети. Модераторите решават каде е границата помеѓу порнографски/еротски слики и слики кои може да стојат на сајтот. Непристојни слики не се дозволени како и нелегални или слики што пропагираат на расизам или насилство (пример насочување кон некој со оружје итн.) се забранети.

Слики на кои што се покажани наркотици, алкохол или цигари се забранети. Модераторите можат да забранат слика на која што корисникот е во пијана состојба, употребува цигари или алкохол, описот на сликата пропагира кон употреба на алкохол/цигари. Лисја на марихуана или наргиле исто така се забранети.

Забранети се слики на личности под и од 6 години. Сите слики на личности под 7 години се сметаат за детски, освен ако сопственикот на акаунтот не е 7-10 годишен. Ако 25 годишен корисник додаде слика на која што е на 9 години исто така се смета за детска слика. Кога 9 годишен корисник додаде слика на која што е на 9 години - тогаш е прифатливо.

Забранети се слики што содржат реклами во нив или во нивниот опис како и логоа на други сајтови. Ако Top.mk корисничкото име не содржи реклами во него е дозволено да се покаже тоа име на самата слика или во описот. Забрането е да се користи и знакот за авторско право - ©.

Забранети се слики со лош квалитет, обработувани со дополнителни ефекти или пак составени од други слики. Дозволени се обработени слики само ако се со добар квалитет.

Може да додадеш една и иста слика само еднаш во даден профил. Повторување на дадена слика не е дозволено.

Забрането е додавање на слики на други лица или слики со авторско право. Ако корисникот нема дозвола да користи слика на која што има и други лица тогаш е забрането да се додава таква слика. Користењето на авторски детали (логоа и сл.) е забрането.

Ако мислиш дека се нарушени авторските права прво обрати се кон корисникот што ја додал сликата на Top.mk.Ако тоа не помогне прати e-mail на pics@top.mk на кој што ќе ја додадеш кореспонденцијата со лицето кое ги нарушува авторските права (имиња, дата и час на испраќање на писма). Ако некој користи твоја слика без твое знаење, те молиме прати ни линк до профилот на тој корисник и до сликата и обележи ги како "нарушител". Истотака прати ни линк и до твојот профил и обележи го како "сопственик на профил". Додај линкови и кон профилите на сите што имаат врска со овој проблем.

Ако лицето/лицата на сликата или сопственикот на авторските права не дале согласност да се прикажува слика и пројавува претенции, тогаш корисникот што ја публикувал сликата носи полна одговорност.

Податоците што можат да се користат за пронаоѓање на нарушителот ги предаваме на државните служби или градските управи во согласност со законот. Модераторите можат да забранат одредени слики кои што се по правилата на сајтот, но имаат непристојни содржини или можат да оштетат некого.

Дали сликите одговараат се решава од модераторите на Top.mk. Спротиставување и коментирање на нивното решение не е дозволено и може да доведе до блокирање на акаунт.

Правилата се едни и исти за сите корисници како и за модераторите. Ако имаш прашања поврзани со правилата, прашај некој од главните модератори.

Валута на сајтот

Top.mk корисниците можат да купат некоја од услугите на Top.mk. На страницата Купи SOL има неколку начини да купиш SOL. Како резултат SOL пристигнуваат на профилот од корисникот и може да бидат разменети за некои од услугите на сајтот. Листата со услуги и нејзините цени се на страницата Услуги. Купувањето на SOL е ограничено. За ограничувањето при купување на SOL преку SMS порака корисникот добива известување во одговорот како резултат од направената операција.

Top.mk има ексклузивни права да продава виртуелни пари (SOL). Продавање на SOL од корисник на корисник не е дозволено. Доколку ова правило е игнорирано, Top.mk го задржува правото да ги блокира профилите на продавачок и купувачот.

Виртуелните пари (SOL) имаат дата на истекување, sol-овите истекуваат 6 месеци после последното користење на платена услуга или 6 месеци после последната посета. Кога ќе истечат Sol-овите ќе бидат избришени од твојот профил. Корисниците ќе примат известување за Top.mk истекувањето на виртуелните пари 30, 7 и 1 ден пред датата на истекување. За да ја продолжи датата на истекување корисникот мора да купи било каков вид на платена услуга на Top.mk,додаде пари на профилот или прими од други корисници. Виртуелните пари, примени од сајтот Top.mk (за игри или сл.), немаат дата на продолжување. Корисникот може да ја види датата на истекување во извештајот на профилот.

OpenSocial апликации, правила и услови

Додавањето на оваа апликација ќе овозможи достап до јавната информација од твојот профил и листата со пријатели. Со самото додавање на апликацијата твоите информации во профилот означени како јавни, ќе бидат поделени со програмерите на апликацијата, со пријателите кои добиваат update и со секој што ќе го посети твојот профил или корисник на истата апликација без разлика дали посетителот е корисник на нашиот или на друг сајт каде што се прикажува истата апликација (заеднички назив "Data Recipients"). Под “јавна информација“ подразбираме секоја информација што се прикажива на профилот, која не е опфатена од подесувањата за приватност кои ограничуваат пристап на пријателите. Тука влегуваат слики, видеа итн.

Информации за контакт

Представник на сајтот е: Rate Solutions OÜ (рег. бр. 10998212), адреса: Pärnu str. 69, Tallinn, Estonia, 10134
Ве молиме испратете ги прашањата и плаќањата со кредитна картичка на корисничка поддршка.
Сите други прашања можете да ги испратите на top.mk корисничка поддршка