Крадци на идентитет


Во последните години бројот на корисници на Интернет во Р.Македонија се зголемува постојано, но тие често ги омаловажуваат некои важни правила кои што е потребно да ги почитуваат за нивната и вашата сигурност.

За да го направиме животот во виртуeлниот свет полесен ќе се потсетиме на некои едноставни но важни правила.

1) Бидете стрпливи. Прочитајте го текстот до крај иако мислите дека сте многу понапред и знаете се. Ќе ви одземе помалку од 5 минути.

2)Бидете скептични. Помислете два пати пред да отворите непознат фајл испратен по пошта, Skype или по друг начин. Внимавајте многу дури ако фајлот е испратен од ваш пријател затоа што ако неговиот компјутер е заразен со вирус тој може и да не знае дека испраќа опасни работи.

Користете антивирусни програми и користете ја главата :-) Пример доста сомнително е ако сликата на вашиот пријател е со раширение "*.еxe"

3) Бидете внимателни. Не ги кажувајте вашите лозинки на други лица. Не ги запишувајте во фајлови или на хартија - помислете што може да се случи ако некој го види листот хартија или го отвори фајлот. Ако се сомневате дека некој ја дознал вашата лозинка сменете ја колку што можете побрзо!

Не избирајте лесни лозинки. Името на вашето домашно милениче или домашниот телефонски број не е добра лозинка. Може да изберете сложени лозинки кои што сепак ви е лесно да ги запамтите. Пример последниот збор од рефренот на ваша омилена песна. Не користете една и иста лозинка на секаде.

4) Ако некој непознат го користи вашиот компјутер проверувајте дали не инсталира нешто на него преку кое што може да ви ја дознае лозинката. Вашите пријатели исто така можат да го направат тоа - бидете сигурни дека многу личности можат да се интересираат за вашите лозинки.

Ако користите компјутери на училиште, на работа, во интернет кафе или компјутер на ваш пријател, тогаш никогаш не ја запишувајте и запаметувајте лозинката. Исто така запомнете дека се е можно да се запишува на такви компјутери без вие да знаете за тоа и како резултат ќе треба да си отворате нови електронски пошти или во најлош случај да изгубите пари.

5) Користете мерки за заштита. Антивирусни програми, програми за бришење на spyware/adware и firewall се вашите пријатели. Ако незнаете какви се тие програми тогаш време е да научите.

Прашајте ги вашите пријатели, родители или побарајте во некоја пребарувачка ( пример www.google.com знае се ).

6) Бидете во чекор со новите работи. Антивирусните програми исто така остарувааат, а нови вируси се создаваат постојано. Следете постојано за нови верзии на вашите антивирусни програми, spyware/adware и firewall. Ако незнаете како замолете некој да ви објасни.

Исто така не заборавајте да ги обновувате вашите операциони системи. (Windows, Linux и др.). Ако незнаете како замолете некој да ви објасни.

 

 

7) Не губете надеж. Ако вашата лозинка е украдена или сте го изгубиле Skype или Top.mk корисничкото име известете ги надлежните за тоа. Тоа е кражба на лични податоци и се смета за престап.