Најчесто поставувани прашања
info Додавање на слика Expand Отвори ги сите
  • Како можам да додавам слики на овој сајт?

    Прво треба да се регистрираш на нашиот сајт. Се разбира дека треба да имаш слики на твојот компјутер. Треба да кликнеш на "профил" од менито и потоа на "Твоите слики" каде што ќе најдеш упатства како да додадеш слики на сајтот. Препорачливо е да ги прочиташ и останатите прашања и одговори.

  • Моите слики се во GIF/TIFF/BMP/XXX формат.Како да ги направам во JPEG формат ?

    Треба да користиш некоја програма за таква намена. Во нив избираш Save As (Export во некои) од менито File и ја запишуваш сликата во .JPEG формат. Такви програми се на пример Photoshop, Corel Draw, Paint и други. Ние не го променуваме форматот на твоите слики.

  • Но јас не сум сам/а на сликата?

    Ако имаш програма за промена на слики можеш со стрелка или слично да покажеш кој/а си ти на сликата или истото може да го направиш ако во описот кон сликата напишеш кој/а си ти.

  • Кога сакам да додадам слика, добивам грешка како "Page not found" или "Server not found". Каде погрешив?

    Најверојатно твојата слика е многу голема за твојата интернет врска. Треба да ја намалиш сликата и да пробаш пак.

  • Додадов слика и сега што?

    Сега треба да почекаш - модераторите ќе ја проверат твојата слика. Може да потрае и 1 час до 1 ден. Забрзувањето на тој процес се плаќа. На страницата со твоите слики можеш да проверуваш дали е одобрена или одбиена.

  • Може ли да ја избришам или променам додадената слика?

    Се разбира "Твоите слики" е местото каде што може да го правиш тоа. Ако избришеш слика, статистиката (поени, коментари) за сликата ќе се избрише. Избришаната слика не може да биде вратена, ќе треба да ја додадеш на ново.

  • Мојата слика е одбиена - зошто?

    Тоа значи дека твојата слика не е според правилата на нашиот сајт. Може да ја прочиташ точната причина зошто сликата не е одобрена од "Твоите слики". Пред да додадеш слика прочитај ги правилата.

  • Некое говедо користи мои слики или моја лична информација. Што да направам?

    Испрати поплака до центарот за поддршка на клиенти.

  • Како може да ги потврдам авторските права ако модераторите бараат да го направам тоа?

    Ќе има одделен линк под сликата, треба да кликнеш на него. Инструкциите како да го добиеш кодот за авторизација се на следната страна. Ве молиме за разбирање бидејќи има луѓе што сакаат да добијат предност пред вас е и нашата цел е да се увериме дека се е во ред.

  • Кој носи одговорност ако има проблематични слики на Top.mk?

    Top.mk не носи одговорност за несакани последици. Според правилата додавање на туѓи слики е забрането. При нарушување на авторски права, личната информација на корисникот ќе биде предадена на надлежните органи.

info Гласај за слики Expand Отвори ги сите
  • Дали сите поени ќе бидат броени при гласање на слики?

    Не, само гласови од корисници кои што имаат слики ќе бидат броени. Исто така неможеш да гласаш за една иста слика за краток период.

  • Понекогаш една иста слика се покажува повеќе пати кога гласам. Зошто?

    Сликите што се покажуваат се случајно избрани од нашата база на податоци. Така да може да се случи една слика да се повтори повеќе пати. Колку повеќе се сликите во базата на податоци толку е помала веројатноста да се повтори една иста слика.

  • Дали можам да дознаам како другите корисници гласале за мојата слика?

    Да, секако дека може. За да провериш оди на "Твоите слики". Ако сакаш да провериш само за некоја слика, кликни на сликата и од десната страна има линк "статистика на оценките". Друга опција е да одиш на "профил" страницата. Таму се прикажани сите корисници што го посетиле твојот профил, гласале или коментирале твои слики итн. Двете листи покажуваат дејствија само од последните неколку дена.

  • Мојата слика е гласана од некој што нема додадено слики. Како е можно тоа?

    Не е. Овој корисник сигурно гласал и потоа ја избришал неговата слика.

  • Како можам да дознаам кој го посетил мојот профил?

    Може да видиш од профил.

  • Видов слика без авторски права. Како да ве известам?

    Користи ја формата под сликата наменета за тоа - "соопшти за неправилности"

info Користење на системот Expand Отвори ги сите
  • Што се бонус поени и како може да ги добијам?

    За бонус поените може да дознаеш повеќе тука.

  • Гласам но не добивам бонус поени ?

    Корисниците со слики добиваат бонус поени.

  • Напишав препорака за корисник но не се покажува во неговиот профил?

    Препораките се покажува кога корисникот ќе те додаде во неговата листа со пријатели. (тоа значи да имаш жолта икона).

  • Зошто треба да се најавам?

    Се разбира дека не е задолжително. Но ако си најавен може да ги користиш сите можности на Top.mk (испраќаш пораки, додаваш слики, гласаш слики и многу многу други). Треба да се регистрираш тука за да може да се најавиш.

  • Кога и зошто треба да се одјавам (log out)?

    Треба да се одјавиш секогаш кога го напушташ Top.mk. Но не е задолжително затоа што системот ќе те одјави автоматски откако ќе го затвориш прозорецот на браузерот.

  • Како можам да го променувам мојот профил и лозника?

    Оди на "Редакција на профил".

  • Ја заборавив лозинката. Што сега?

    Кликни на "заборавена лозинка". Линкот се наоѓа на горниот дел од страницата. Сигурно ќе ти помогне но внимавај! Ако e-mail адресата не е истата со адресата запишана во твојот профил не можеме да ти испратиме лозинка.

  • Што да правам ако мојот профил е блокиран на Top.mk?

    Одблокирај го профилот тука »

  • Безбедно ли е да го користам Top.mk?

    Во повеќе случаи зависи од тебе. Прочитај повеќе овде

  • Како можам да одговарам на прашањата од анкетата?

    Анкетата е на главната страна. Треба да си регистриран и најавен за да може да одговараш на анкетата. 1 корисник = 1 глас

  • Може ли да бидам модератор?

    Не

  • А можеби администратор на chat соба?

    Не

  • Што означуваат црвеното или зеленото топче, малата сликичка до името на корисникот?

    Црвеното топче значи дека моментално корисникот е офлајн (не го користи Top.mk во моментот). Зеленото топче значи дека корисникот е онлајн (моментално го користи Top.mk). На некои страни женските корисници се обележани посветло.

  • Може ли да добијам Top.mk e-mail адреса?

    Не, поштата што ја имаш работи само во Top.mk. Значи дека може да пишуваш само до корисници и само корисници можат да ти пишуваат.

  • Како ќе разберам ако некој ми испрати порака?

    Треба само да го провериш Inbox во поштата.

  • Можно ли е да ја дознаам e-mail адресата на некој, ако е сокриена во неговиот профил, можно ли е да ја дознаам IP адресата на некој?

    Не

  • Може ли да го променам моето корисничко име?

    Може да го промениш твоето корисничко име од услуги, тоа е платена услуга. Сите твои слики, пријатели и постари услуги нема да се променат - се променува само корисничкото име.

  • Може ли да го избришам мојот Top.mk акаунт?

    Да, може да го блокираш од "Редакција на профил" . Доколку го направиш тоа другите корисници нема да може да го гледаат твојот профил повеќе. Ако го блокираш твојот акаунт и не се најавиш подолго од два месеца твојот акаунт ќе биде избришан. Може да го промениш мислењето во текот на тие два месеца. За два месеца исто така ќе бидат избришани акаунтите блокирани од модераторите. За еден месец се бришат акаунтите доколку нивниот сопственик не ги користел од моментот на регистрација. Акаунтите што се само изоставени се бришат за половина година од моментот на нивната последна посета.

info Друго Expand Отвори ги сите
  • Можно ли е да се рекламира на Top.mk?

    Да, за информација за реклама провери тука

  • Некои прозорци, копчиња и слично не работат?

    Браузерот треба да дозволува cookies и javascript. Ако Top.mk не работи правилно провери дали cookies и javascript се дозволени. ( Internet Explorer, open Tools, submenu Internet Options, choose Security, button Custom Level). Треба исто така да ги избришеш Temporary Internet Files. Ако проблемот сеуште постои пиши до центарот за поддршка на клиенти.

  • Мислам дека треба да го промените вашиот сајт по овој или оној начин.

    Пиши до центарот за поддршка на клиенти

  • Но моето прашање се уште нема одговор?

    Прочитај уште еднаш и ако навистина не најдеш одговор пиши до центарот за поддршка на клиенти