Што е слава на Top.mk?Славата покажува колку си популарен. Информација за неа има во профилот на секој корисник, точно под неговото име.  | Како се мери славата? Колку повеќе корисници те додале како пријател, толку поголема слава добиваш – твојата слава не ја зголемуваат твоите пријатели, туку корисниците што ги додале твоите пријатели како свои. Со други зборови: ако кон пријатели те додава корисник со висока слава, твојата слава станува повисока. Ако те додава корисник што нема пријатели, твојата слава останува непроменета. А ако се уште не сум разбрал? Е, интернет манијаците исто така понекогаш имаат проблеми со комуникациите. Се разбира мислиме на нас, а не на тебе ;) На табелата е корисник, што е избран за пријател од корисници - 1, 2, 3. Вториот корисник никој не го додава кон листата со пријатели, затоа неговата слава не се зголемува. Најмногу се зголемува славата на корисникот 3, затоа што најмногу корисници го додале во листата со пријатели. |
Дали ми се зголемува славата ако додадам некој кон мојата листа со пријатели?Не! Но славата на корисникот ќе се зголеми благодарение на твоите пријатели.Што точно покажува славата?Не е еднаква на бројот пријатели во твојата листа со пријатели, но зависи од тоа. Покажува колку си популарен меѓу корисниците на top.mk. Твојата слава се променува автоматски - на пример кога некој ќе те додаде во својата листа со пријатели. Може да ја споредуваш твојата слава со најпознатите корисници на Тop.mk (се наоѓа на страницата со статистики) или со славата на твоите пријатели. Кој е попознат - ти или твојот најдобар пријател? Како се зголемува славата?Создавањето на лажни профил и додавањето на твојот профил кон нивната листа со пријатели нема да помогне. Причината е многу едноставна - лажните профил не се популарни. Само реални корисници, што те додале кон нивната листа со пријатели можат да ја зголемат твојата слава. Најлесниот начин да ја зголемиш твојата слава е да ги поканиш твоите вистински пријатели на Тop.mk. На почетокот твојата слава нема да се зголеми но твоите пријатели ќе имаат свои пријатели на Тop.mk и тоа ќе помогне за зголемување на твојата слава (ќе добиеш бонус поени за секој корисник, што ќе се регистрира на нашиот сајт). Може да поканиш пријатели од MSN, Outlook или рачно да ги внесеш нивните e-mail адреси. Твојот профил автоматски ќе им биде додаден во листата со пријатели кога ќе се регистрираат. Тоа може да го направиш на страницата за покани |