Избегај од досадата, забавувај се со нас

Регистрирај се
Блогови на Andjelija

3 основни фенг-шуи правила против лоша енергија во домот

За оние кои практикуваат фенг-шуи во својот дом, а сепак не е сè како што треба, потребно е да проверат дали имаат нешто што им ја носи лошата енергија дома.

3-osnovni-feng-shui-pravila-protiv-losha-energija-vo-domot-01.jpg

Според древната кинеска вештина, постојат неколку ситни нешта во вашиот дом кои ја привлекуваат негативната и лоша енергија, а ја блокираат позитивната.

Проверете дали имате нешто од следниве три предмети дома и веднаш ослободете се од тоа:

1. Овенато цвеќе

Растенијата се симбол на раст и напредок, додека исушените цвеќиња ја привлекуваат токму спротивната енергија.

Според принципите на фенг-шуи, треба веднаш да ги исфрлите исушените и овенатите цвеќиња, бидејќи тие претставуваат стагнација и не ви дозволуваат да напредувате во кој било правец.

Освежете го просторот со нов свеж букет во вазната или засадете ново собно растение во саксија.

3-osnovni-feng-shui-pravila-protiv-losha-energija-vo-domot-02.jpg

2. Скршени и нефункционални предмети

Колку и да сте сентиментално врзани кон некој предмет кој е скршен или нефункционален, подобро е да се ослободите од него.

Како што се вели во фенг-шуи принципите, ваквите предмети негативно влијаат врз вашето расположение. Многу подобро е да имате празен простор, наместо соба преполна со предмети кои се скршени, лепени и не ви користат за ништо.

3-osnovni-feng-shui-pravila-protiv-losha-energija-vo-domot-03.jpg

3. Несакани подароци

Скоро секој од нас во животот примил подарок кој не го сакал, без разлика дали е поради самиот предмет или поради личноста која го подарила.

Иако е важно да го цените гестот на подарување, ваквиот предмет може негативно да влијае на вашите мир и среќа. Но, наместо да го фрлите, вложете ја вашата позитивна енергија и подарете го на некој друг или донирајте го во хуманитарни цели.

3-osnovni-feng-shui-pravila-protiv-losha-energija-vo-domot-04.jpg



Клучни зборови:

 
Интересно
позитивни гласови: 1  |  негативни гласови: 0

Напиши коментар:

#1, 13.09.2018 - 22:54