Избегај од досадата, забавувај се со нас

Регистрирај се
Блогови на Elisabeth

Сестрата купи „чудо“ и го спаси животот на братот

Една вечер таткото и рекол на расплаканата мајка: ‘’Вака не може повеќе драга. Мислам дека дојдовме до крајот, нашиот син може да го спаси само чудо.’’ Девојчето слушаше се', сокриено во аголот на собата...

Девојчето истрча во својата соба, ја скрши касичката и со трчање отиде до аптеката без никој да ја забележи. Трпеливо чекаше, а кога дојде на ред, се поткрена на прсти и пред аптекарот ги стави ситните пари.

Сродна слика

- Што сакаш душичке?

- Тоа е за мојот брат господине, многу е болен. Дојдов да купам чудо.

- Не те разбрав најдобро, рече аптекарот.

- Брат ми се вика Андрија. Има нешто што му расте на главата. Тато вели дека е готово, дека само чудо може да го спаси. Јас многу го сакам својот брат и затоа дојдов со своите пари да купам чудо.

- Аптекарот се натажи и одговори – Но ние не продаваме чуда.

- Ако нема доволно пари можам уште да соберам. Колку чини едно чудо?

Во аптеката стоеше висок човек со сериозно лице кој со интерес го следеше разговорот. Додека аптекарот немоќно ги ширеше рацете, девојчето низ солзи ги собираше парите. Високиот човек ја праша:

- Зошто плачеш малечка, што се случило?

- Господинот аптекар не сака да ми продаде чудо и не ми кажува колку чини. Тоа е за брат ми Андрија, многу е болен. Мама вели дека мора на операција, а тато вели дека не можеме да платиме и дека само чудо може да го спаси. Затоа донесов се што имам.

- Колку имаш?

- Долар и еднаесет центи...Но знаете, можам да соберам уште...

Човекот се насмевна.

- Мислам дека нема да треба. Чудото за твојот брат чини толку, долат и единаесет центи. Со едната рака ги зеде парите, а со другата го фати девојчето за рака.

- Однеси ме дома. Сакам да разговарам со твоите мама и тато и сакам да го видам брат ти. Можеби ќе успееме да пронајдеме чудо за твојот брат.

Резултат слика за cute brother and sister

Отмениот висок господин и девојчето излегоа од аптеката држејќи се за рака. Тој човек беше професорот Carlton Amstrong, еден од најпознатите светски хирурзи. Го оперираше малиот Андрија, кој за неколку недели потполно се опорави.

- Оваа операција е вистинско чудо, рече мајката. Се прашувам само колку чинеше.

Девојчето се насмеа не велејќи ништо, знаеше дека чудото чинеше долар и единаесет центи. Секако, љубовта и вербата на сестрата на Андрија немаат цена.

Bruno Ferrero


Клучни зборови:

 
Интересно
позитивни гласови: 7  |  негативни гласови: 0

Напиши коментар:

DjoleMk (29)
чуда се случуваат кога посакуваат децата. ми остана сентенцата credendo vides од еден филм мислам со вечниот Робин Вилијамс...
#3, 05.01.2017 - 21:12
Hvala od srca Djole ..tako je
05.01.2017 - 21:28
plug (33)
#2, 23.12.2016 - 15:13
hvala
23.12.2016 - 16:19
IOOOU (25)
predivno bravo za doktora jako lepa prica
#1, 23.12.2016 - 12:19
Da, i meni se bas dopala ova divna prica hvala od srca
23.12.2016 - 14:16