Избегај од досадата, забавувај се со нас

Регистрирај се
Блогови на jasminabela

миризлива тоалетна хартија :)

Интересно е да ја видите Македонија со очите на странец. Емили Јанг, млада девојка од Америка, во 2010 година ја посетила Македонија и на нејзиниот блог запишала 11 работи кои ја изненадиле во нашата земја, а кои за нас, мора да се признае, се сосема нормални.

Еве ја листата на Емили:

1. Македонците имаат миризлива тоалетна хартија. (Ваква може да се најде и во САД но јас немам видено никаде на
друго место) 2. Не е ништо невообичаено да има сосема гола жена во дневен весник. 3. Тротоарите се користат за паркирање и возење… не за пешачење. Внимавајте, лесно може да ве згазат на тротоар. 4. Според локалното население, ништо не е невозможно. 5. Еден долар е 44 денари. Многу смешно. 6. Традиционалната храна е ајвар, кој се прави од препржени пиперки измешани со лук, масло и сол. Многу е вкусно со сирење и леб. 7. Немаат центи. Сè е заокружено на денар. 8. Пушат цигари насекаде, во ресторани, автобуси, возови и во продавници. 9. Се чини како да има пекари на секое ќоше. 10. Доаѓаат гости во секое време, ненајавени, па морате да бидете подготвени во секој момент за гости. 11. Мора да има храна за секое случување, но најчесто не ја јадат или јадат многу малку од неа. Ние навистина не знаеме што и било чудно на оваа девојка што доларот е 44 денари или па голите жени во весниците, но очигледно неа многу ја изненадиле. Она што нас нè изненади е, точката осум и пушачите. Сигурно налетала на некој шофер кој си запалил во автобус, што не е ретка слика и секако, протестираме на последната точка. Македонците секогаш… јадат сè. Можеби откако гостите ќе си заминат, така што Емили, не се грижи драга, додека ти си стигнала дома, сè било „смавано“.


 
Интересно
позитивни гласови: 24  |  негативни гласови: 0

Напиши коментар:

meteormk (39)
pusat vozacite od ohridski galeb )) ne e cudno a kade parkirame - koj kaj ke stigne))
#7, 07.08.2014 - 16:40
09.08.2014 - 21:58
hahaaaa interesno...
#6, 16.12.2013 - 10:39
oskars (48)
ubav text...mi se doaga..like!
#5, 18.07.2013 - 12:00
freestylee (29)
sofer da zapali cigara toa e normalno vo makedonija no vo posledno vreme pocnale da rolaat Joint hehe TOA e nasaaya
#4, 29.04.2013 - 08:39
caramel (48)
najubavo Skopje e da se vidi posle podolg prestoj vo stranstvo, togas gi imame ocite na strancite zaradi toa sto sme se naucila da gledmame po stranski i ocite nasi i toa e vistinitata slika za nasiot grad
#3, 19.04.2013 - 13:57
djoro (43)
#2, 15.12.2012 - 00:16

15.12.2012 - 08:00
rambo7 (38)
dobro ne fatila na sekojdnevni situacii
#1, 03.12.2012 - 00:24


























03.12.2012 - 07:57
 

Корисник
offline
offline jasminabela
Македонија, Македонија, Скопје



Блогови: Клучни зборови
нема клучни зборови